Ekipa
13 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ГАЗА (АА) - Во нападите кои израелските сили ги извршија на Појасот Газа синоќа, загинаа шестмина Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина во Газа, Ешреф ал Кудра, соопшти дека во нападот кој израелските авиони го извршиле на источниот дел на Газа, загинал 20-годишниот Мусаб Хавс, а двајца Палестинци биле ранети.
Така во нападите кои израелската Војска на Газа ги изврши синоќа, загинаа вкупно шест Палестинци.
Портпаролот на израелската Војска, Авихај Адраи, соопшти дека цел на израелските авиони и хеликоптери било подрачјето на кое се наоѓале сомнителни лица кои наводно се обиделе да преминат преку границата на северниот дел на Појасот Газа.
До зголемувањето на тензијата дојде откако група израелски војници во цивилно возило преминаа во Газа.
Три километри од границата на Газа, војниците забележале единици на Хамас што доведе до судири во кои загинаа седум Палестинци и израелски војник.
Следниот ден, групите на палестинскиот отпор, вклучувајќи ги и Хамас и Исламски џихад, извршија ракетен напад, во кој еден израелски војник беше сериозно повреден.
Палестинските групи рекоа дека овој напад, чија цел бил автобус на израелската страна, бил одмазда за настраданите во неделата.
Потоа, Израел изврши воздушен напад на Газа, а палестинските групи возвратија со ракети.