Aida Cako
28 Август 2025•Ажурирај: 29 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Жителите на ирачкиот град Сулејманија го одбележаа Меѓународниот ден на кучињата, со натпревар за најпаметни и најубави миленици, јавува Анадолу.
Десетици сопственици на домашни миленици ги донесоа своите кучиња на местото на настанот, каде што се натпреваруваа во категориите послушност и изглед.
Настанот, исто така, ја промовираше свеста за расите на кучиња и нивната грижа, а организаторите ја нагласуваа важноста на благосостојбата на животните.