Sayed Khodaberdi Sadat
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
КАБУЛ (АА) - Лидерот на терористичката организација ДАЕШ во Авганистан, Сајед Омер Бајури Хатаб, беше убиен во акција на авганистанските сили извршена во источниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека безбедносните сили извршија успешна антитерористичка акција во Aчин, во провинцијата Нангархар, и ѝ нанесоа големи загуби на терористичка организација ДЕАШ.
Во соопштението се наведува дека за време на акцијата се убиени најмалку 25 терористи, меѓу кои и Хатаб, еден од лидерите на ДЕАШ во Авганистан.