Barış Seçkin
20 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
РИМ
Гласачите во Италија гласаат на референдум за уставните амандмани за донесување закон за намалување на бројот на парламентарци и сенатори за една третина, јавува Агенција Анадолија (AA).
Поради вонредната состојба, италијанската Влада го пролонгираше референдумот, кој првенствено требаше да се одржи на 29 март.
Граѓаните на дводневниот референдум гласаат за намалување на бројот на пратеници од 630 на 400, а бројот на сенатори од 315 на 200.
Италијанските граѓани денес ќе можат да гласаат до 23 часот, а утре од 7 до 15 часот. Право на глас имаат 46.641.856 граѓани.
Покрај референдумот, регионалните избори ќе се одржат во вкупно седум регии, од кои една е автономна, а општинските во 957 градови.
Во земјата во којашто е задолжително да се носи маска при гласањето поради епидемијата на Ковид-19, процесот на гласање е продолжен на два дена за да се спречи создавање метеж на избирачките места.