Zeynep Tüfekçi
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку седум лица се убиени, а 23 се повредени во нападите извршени во различни области на ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (АА).
Службеникот на полициската станица во Багдад, Салман ал-Џабир за АА изјави АА дека еден војник загина, а четворица се повредени во експлозијата, што се случи кога воено возило ја преминувало делницата на која било инсталирано експлозивна направа.
Џабир рече дека неколку бомбашки напади се случија во неколку области околу Багдад при што загинаа четири, а беа повредени 19 лица.
Според него, во областа Махмудије се пронајдени телата на двајца млади луѓе на кои има траги од оружје. Никој не ја презеде одговорноста за нападите.