Ruslan Rehimov
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
БАКУ
Во артилериските и ракетните напади, што Ерменија ги изврши досега во населените места во Азербејџан, загинаа 65, а повредени се 297 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти бројките во врска со загинатите лица како резултат на нападите на Ерменија извршени од 27 септември до 26 октомври.
Според соопштението, во овој период животот го загубиле 65 азербејџански цивили, додека 297 цивили се повредени.
Од цивилите кои ги загубија животите 18 се жени и 10 се деца. Исто така се наведува дека 69 од повредените цивили се жени, а 32 се деца.