Mustafa Deveci
09 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во ракетниот напад на железничката станица на градот Краматорск, што се наоѓа во источниот дел на Украина, животот го загубија 50 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Украинските власти соопштија дека меѓу загинатите во ракетниот напад, што го изведоа руските сили, има пет деца.
Во нападот загинаа 50 лица, а ранети се 98, од кои 16 малолетници.
Александар Гончаренко, градоначалникот на Краматорск, изјави дека поголемиот дел од ранетите се во тешка состојба, а некои лица останале без нога и рака.
Гончаренко истакна дека болниците немаат капацитет да им пружат помош на ранетите, додавајќи дека оперираат околу 40 лекари. Градоначалникот на Краматорск информираше дека во моментот на нападот, на станицата се наоѓале околу 4.000 цивили.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека руските сили ја гранатирале железничката станица со проектилот „Точка-У“.