Emre Gürkan Abay
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција и Русија продолжуваат со соработката за постигнување конечен договор за прашањето за Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во изјава за рускиот весник „Известија“ говореше за настаните кои во последниот период се случуваат во Идлиб.
Турскиот министер нагласи дека постојат бројни чекори кои треба да се направат во врска со прашањето за Идлиб.
„Турција и Русија продолжуваат со соработката за постигнување конечен договор во Идлиб“, рече тој, додавајќи дека по посетата на турската делегација на Москва ќе бидат откриени чекорите во оваа насока.
„Не треба да дозволиме сириското прашање да влијае врз соработката меѓу Турција и Русија“, истакна Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека по меѓуделегацискиот состанок во Москва ќе се одлучи дали има потреба од одржување на дополнителен состанок.