Halil İbrahim Sincar
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
МАРДИН (AA) - Во артилериски напад на терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјето на Сирија, кое го држат под окупација, врз местото Нсајбин во турскиот град Мардин, загинаа 8 цивили, а 35 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на гувернерот на Мардин се наведува дека терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на Сирија, изведе напад врз населеното место Нусајбин при што се загинати 8 цивили, а 35 се ранети.
Ранетите цивили се префрлени во државната болница во Нусајбин и Мардин.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас од источниот брег на Еуфрат, кој е окупиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК.