İdris Okuducu
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
МОСУЛ (АА) - Со поддршка на воздухопловните сили на меѓународната коалиција, а во рамките на операцијата за ослободување на Мосул, ирачките сили ги продолжија вчерашните жестоки напади врз упориштата на терористите на ДЕАШ во западниот дел на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во операцијата за ослободување на западниот дел на Мосул, во моментов учествуваат 60.000 ирачки војници“, рече за АА ирачкиот генерал Мухсин aл-Курејши, додавајќи дека и воздухопловните сили на меѓународната коалиција, вклучувајќи ги и САД, Велика Британија, Канада и Франција им даваат поддршка на ирачките сили.
„На теренот се и воените експерти од меѓународната коалиција, кои ни помагаат како советници, а нивната помош е од клучно значење за извршувањето на воздушните напади на терористичките упоришта“, изјави Курејши.
Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади изјави дека со вчерашната офанзива е интензивирана операцијата за ослободување на Мосул, каде што терористите на ДЕАШ сѐ уште се соочуваат со огромни загуби.
Паралелно со ова, командантот на операцијата за ослободување на Мосул, Абдулемир Јарулах, во писмена изјава потврди дека ирачката армија, полицијата и другите вооружени групи започнаа координиран напад за клучно кршење на терористичкиот отпор на западниот мосулски брег на реката Тигар.