Behlül Çetinkaya
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ИСЛАМАБАД
Авион за обука на Воздухопловните сили на Пакистан (PAF) се урна помеѓу куќите во близина на главниот град Исламабад. Во несреќата 17 лица ги загубија своите животи, меѓу кои и 5 воени лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на Пакистанската армија, авионот за обука на Воздухопловните сили на Пакистан се урнал во областа Мора Калу, 30 километри до Исламабад.
За време на рутинската активност за обука, авионот се урнал во населена област и веднаш по несреќата почнал да гори, а од пожарот биле оштетени и некои куќи во регионот.
По несреќата, воените екипи, екипите за прва помош и пожарникарите од градот Равалпинди пристигнале на местото на настанот.
Во несреќата животот го загубиле 17 лица, од кои 5 војници и 12 цивили. Двајца од загинатите воени лица имале чин потполковник.
Нема соопштение за тоа кои се причините за уривањето на авионот.