Muhammed Emin Canik
26 Февруари 2022•Ажурирај: 27 Февруари 2022
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во поплавите што ја зафатија бразилската држава Рио де Жанеиро животот го загубија најмалку 217 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
За исчезнати во неодамнешните поплави и свлечишта во Петрополис се водат 33 лица, известуваат локалните медиуми. Во тек се операции за пронаоѓање и спасување на исчезнатите.
Повеќе од 900 лица се сместени во засолништа.
Петрополис, сместен во ридското подрачје на Рио де Жанеиро, на 15 февруари го зафатија поројни врнежи од дожд кои предизвикаа свлечишта во голем дел од градот.
На снимките споделени на социјалните мрежи може да се види како поплавата ги зафатила улиците, парковите, објектите, а под вода се наоѓаат и голем број возила.
Гувернерот на Рио де Жанеиро, Клаудио Кастро, претходно соопшти дека станува збор за најпоројните врнежи од дожд на тоа подрачје од 1932 година досега.
Свлечиштата уништија десетици куќи.
Во поплавите што го зафатија Рио де Жанеиро во јануари 2011 година животот го загубија над 900 лица, а исчезнаа повеќе од 100.