Sayed Khodaiberdi Sadat
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
КАБУЛ (АА) - Претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, истакна дека повеќе од 40 илјади луѓе загинале низ целата земја од 2015 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто за американската телевизија „Си-ен-ен“ на 9 јануари, Гани истакна дека откако станал претседател повеќе од 40 илјади цивили и безбедносни припадници загинале во насилствата низ целата земја.
Гани истакна дека убиени се 98 војници од американските сили кои служеле во рамките на НАТО.
Осврнувајќи се на тековните мировни разговори меѓу делегациите на талибанците и Авганистан во Доха, главниот град на Катар, Гани наведе дека авганистанскиот народ никогаш не сака да се врати во своето мрачно минато.
Тој, меѓу другото, подвлече дека за да се стави крај на 40-годишната војна во Авганистан, евентуалниот мировен договор со талибанците мора да биде гарантиран и од земјите од регионот и од меѓународната заедница.
Посочувајќи дека власта сака да ја пренесе на следната администрација која ќе биде избрана по легален пат, Гани рече дека не се општество што ќе прифати присилно наметнување на талибанската мисла.