Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
КАБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во рударска несреќа која се случи во рудник за кафеав јаглен (лигнит) во северната авганистанска област Баглан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мевлеви Абдула Хамид, директор на рудникот „Чинарек“ во областа Нахрин, рече дека колапсот во рудникот бил предизвикан од експлозија на метан.
Тој рече дека во несреќата загинале 10 лица, а останатите 10 рудари се спасени.
Минатата година 5 рудари ги загубија животите во слична рударска несреќа во тој авганистански округ.
Рударските несреќи во Авганистан најчесто се резултат на несоодветни безбедносни мерки и застарена рударска опрема.