Emre Gürkan Abay
01 Јули 2024•Ажурирај: 02 Јули 2024
МОСКВА (АА) - Во регионот Јакутија, во Руската Федерација, прогласена е вонредна состојба поради шумските пожари, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за вонредни ситуации на Русија се наведува дека продолжува борбата со 107 пожари на подрачје од 331.000 хектари во Јакутија.
Се истакнува дека за гаснење на пожарите интервенирале вкупно 1.500 луѓе и 100 возила, а одлучено е во регионот да се прогласи вонредна состојба.
Русија, во којашто се наоѓаат приближно 20 отсто од светските шумски површини, секоја година се бори со пожари.