Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ИДЛИБ (АА) - Продолжуваат воздушните и копнените напади на режимот на Асад и Русија врз подрачјето на Идлиб кое е прогласено за зона за намалување на тензиите. Во овие напади животот го загубија двајца цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Опсерваторијата на вооружената опозиција која ги надгледува воздушните летови е забележано дека руски авиони извршиле воздушни напади врз појасот Кеферума и селата Маритирме, Џибала, Шех Мустафа, сместени во зоната за намалување на тензиите во Идлиб.
Од утринските часови досега, силите на режимот на Асад извршуваат копнени напади со минофрлачи, топови и ракети врз појасот Кеферума и селата Бсакла и Маритирме.
Според информациите добиени од претставниците на Цивилната заштита на Идлиб (Бели шлемови), во нападите на силите на режимот на Асад врз појасот Кеферума и селото Бсакла загинале двајца цивили, од кои едното е дете.
Цивилите што бегале од нападите се засолниле по полињата.
- Во минатомесечните напади врз населените места загинаа 75 цивили
Според извештајот на Цивилната заштита, во минатомесечните напади на режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран и Русија врз цивилните населби, животот го загубија 75 цивили, од кои 13 се деца.
Од 17 септември 2018 година досега, кога Турција и Русија постигнаа договор според кој Идлиб е прогласен за зона за намалување на тензиите, во нападите на режимот и Русија животот го загубија 1.300 цивили.
Од местата во кои нападите беа најинтензивни, кон помирните места, особено кон местата во близина на сириско-турската граница, во последната година имигрираа над милион цивили.