Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Во светот има 258 милиони лица кои ги напуштиле своите родни татковини и како мигранти живеат во други земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот којшто Обединетите нации го објавија по повод Меѓународен ден на миграција се наведува дека бројката на меѓународни мигранти од 2000 година досега, забележала раст од 49 отсто и заклучно со 2017 година изнесува 258 милиони. Од овие мигранти, 49,8 милиони (19 отсто) се згрижени во САД.

Зад САД, на второ место, со згрижени 12 милиони мигранти се наоѓа Саудиска Арабија, Германија и Русија. На петто место е Британија (со околу 9 милиони), а во извештајот се истакнува дека земјите со високи приходи се домаќини на околу 165 милиони мигранти (околу 64 отсто).
Според податоците објавени во извештајот на ОН, во 2017 година две третини од меѓународните мигранти живеат во само 20 земји, истакнувајќи дека мигрантите имаат свој придонес врз зголемувањето на населението во Северна Америка и Океанија. Во извештајот се вели дека доколку нема мигранти, бројката на населението на Европа би се намалила.
Во извештајот стои дека миграциите во периодот 2000-2015 овозможиле населението на Северна Америка да се зголеми за 42 отсто, додека 31 отсто во Океанија.
- 26 милиони лица се во позиција на бегалци или азиланти
Според извештајот на ОН, во 2017 година 26 милиони од меѓународните мигранти (10 отсто) се во позиција на бегалци или азиланти.
Во извештајот се наведува дека од оваа бројка, 22 милиони (околу 84 отсто) од бегалците и азиланите се згрижени од земјите со ниски и средни приходи.
Според извештајот на ОН, три четвртини (околу 74 отсто) од меѓународните мигранти се на возраст од 20 до 64 години, со просечна старост од 39,2 години.
- 48,4 се жени
Анализирајќи ја половата припадност, во извештајот на ОН се наведува дека заклучно со 2017 година, 48,4 отсто од мигрантите се жени. Гледајќи територијално, жените мигрираат повеќе од мажите од сите делови од светот, освен од Африка и Азија.
Од 10 меѓународни мигранти, шестмина живеат во Европа или Азија. Забележано е дена 10 отсто од мигрантите ја сочинуваат популацијата на поголем број земји, меѓу кои се земјите од Европа, Северна Америка и Океанија.
Во извештајот, меѓу другото, се вели дека Индија е земја со најголем број свои државјани кои живеат во други земји (околу 17 милиони), следи Мексико со 13 милиони. Русија, Кина, Бангладеш, Сирија, Пакистан и Украина се земји чии 6 до 11 милиони државјани живеат во други земји.