Zehra Ulucak
20 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Утараканд настана свлечиште под кое останаа 3 возила. Во несреќата животот го загубија 8 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times), властите информирале дела во подрачјето на Рудрапрајаг настанало свлечиште под кое останале два мотоцикли и еден автомобил.
Од свлечиштето што настанало синоќа во доцните вечерни часови, спасувачките екипи извлекле тројца повредени кои починале во болницата во која се пренесени. Во веста се истакнува дека во утринските часови од под урнатините од свлечиштето се извлечени безживотните тела на уште 5 лица.
Засега нема информации колку точно лица се наоѓале во возилата затрупани од свлечиштето.