Erbil Başay
20 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
БЕРЛИН (АА) - Поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, рече дека терористичката организација ПКК во Германија собира пари со уцени, а во исто време прави и нелегална трговија со оружје и дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Габриел учествуваше во програмата на Германскиот втор телевизиски канал, каде што говореше за терористичката организација ПКК/ЈПГ и граѓанската војна во Сирија.
Габриел во својата изјава потсети дека во минатото Европејците отсекогаш им кажувале на Американците да бидат внимателни по прашањето за формирање регионална држава во подрачјето до турската граница, кое е под контрола на ПКК. „Бидејќи Турција нема да го дозволи тоа, независно кој ќе раководи со тоа подрачје“.
Тој истакна дека поранешниот американски претседател, Барак Обама, сето тоа поинаку го гледал и ја користел ЈПГ, која е огранок на ПКК, продолжувајќи со зборовите:
„Ние ПКК ја знаеме по нејзините протести во 1980, 1990 и 2000 година. Поставуваа блокади и палеа автомобилски гуми по автопатиштата. Не можете да сторите ништо друго освен да го обезбедите владеењето на правото. Кога зборуваме за Курдите, би сакал да го повторам следното; не зборуваме за Курдите во оваа (општо) земја.
Ние тука зборуваме за забранета (ПКК) организација. Да кажеме и зошто е забранета; поради собирање пари со уцена, трговија со оружје, трговија со дрога. Сето тоа го прави за да ја финансира постоечката внатрешна војна во Турција. Тоа е причината зошто е забранета во Германија. Не е забранета затоа што извршила злосторства во Турција, туку за сторените дела во Германија.“
Истакнувајќи ја својата загриженост кога генерално се говри за Курдите, Габриел рече: „(Тука) Се зборуваше дека „Курдите беа наши најдобри сојузници“. Но ние на тоа можеме да кажеме и дека „ние како Запад ги искористивме злонамерно“, бидејќи не сакавме да влеземе таму (Сирија).“
- „Се надевавме дека валканите работи ќе ги завршат други лица“ -
Габриел потсети дека во времето кога започна граѓанската војна во Сирија, сегашниот турски претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш беше премиер на Турција, побарал Сирија да се прогласи за зона забранета за летови, бидејќи во спротивно, Асад ќе го бомбардира сопствениот народ.
„Но, во тие моменти, Европа и Германија беа првите кои рекоа: „Аман Боже, ние тоа не можеме да го сториме.“ Зошто? Бидејќи рековме: „За да не се создаде нов Авганистан. Ние не сакаме да бидеме дел од тоа.“ Кусо време потоа Асад го бомбардираше сопствениот народ и ние се соочивме со неколку милиони бегалци.“
Поранешниот министер истакна дека во тој период Европа била задоволна што не е вмешана во конфликтот во Сирија.
„Денес е многу лесно да се каже од морален аспект ќе можеше да се направи ова или она. Потребно е да се признае дека самите ние бевме среќни што не бевме принудени да се вмешаме (во конфликтот). Ние како Европа и Германија, нашите интереси во надворешната политика секогаш ги пренесувавме на американските носачи на авиони и се надевавме дека валканите работи ќе ги завршат други. На тој начин бевме во можност моралните работи да ги држиме на високо ниво.“
Габриел рече дека очекува оти Европа од овој конфликт ќе извлече поука и истакна дека треба самата да се грижи за блиската околина.
На овие изјави на поранешиот шеф на германската дипломатија, турскиот министер за надворшни работи, Мевлут Чавушоглу, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Вистини; има и такви кои без двоумење храбро ги кажуваат.“