Ekipa
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
АФРИН (АА) - Во северниот дел на Сирија, Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ), кои го контролираат подрачјето на Африн, спречија терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните полициски сили при синоќешната рација во центарот на Африн во возило откриле уред за бомбардирање од далеку.
Тимовите за отстранување бомби кои стигнале на местото на настанот, го деактивирале уредот. Вниманието на локалните полициски сили спречи евентуално губење животи.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК одвреме-навреме организира терористички напади врз цивили.
Во февруари, во терористичка акција беше убиено дете, а над 25 цивили беа повредени.
Безбедносните единици на Слободната сириска војска, со поддршка на турската Армија, од март 2018 година, кога окупацијата на ЈПГ/ПКК во Африн заврши, работат на зајакнување на безбедноста во земјата.