Emre Gürkan Abay
26 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор му го честиташе роденденот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од прес-службата во Кремљ се истакнува дека Путин му го честитал роденденот на претседателот Ердоган, кој денеска наполни 65 години.
Во телефонскиот разговор Путин му се заблагодарил на Ердоган за неговиот личен придонес во односите меѓу Турција и Русија. Исто така, се разговарало и за подготовките за билатералниот Совет за соработка на високо ниво (УДИК), кој е планиран да се одржи во април.