Mustafa Melih Ahıshalı
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Четворица припадници на милицијата при Иранската револуционерна гарда загинаа во судирите во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Спроед вестите на иранските медиуми, Салим Ризаји, Мухамед Јасин Насири, Али Мухамед и Али Риза Хусејни, четворицата припадници на бригадата Фатимијун на Иранската револуционерна гарда се убиени за време на судирите во Сирија, кои потоа биле погребани во градот Кум.
Според неофицијалните податоци, во судирите во Сирија загинале најмалку 2.400 припадници кои се поврзани со Иран.
Иранската војска „Чувари на револуцијата“ се наоѓа во првите редови меѓу оружените групи кои им пружаат поддршка на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Бригадата Фатимијун е основана од Авганистанци кои мигрирале во Иран, додека бригадата Зејнебијун е составена од припадници на пакистанската милиција. Иранската Револуционерна гарда во своите први редови ја користи ова милиција како поддршка на режимот на Башар ал-Асад.