Alma Çekovic
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ПАРИЗ (АА) - Француските власти прогласија состојба на природна катастрофа во 275 градови и села по поплавите што ги погодија главните делови на земјата на крајот од јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Владата соопштија дека уште 156 општини чекаат одлука дали ќе бидат прогласени за зони на катастрофа. По проценката на експертите, француските власти треба да донесат одлука на 6 март.
Воведувањето на состојба на природна катастрофа е посебен процес што се спроведува од 1982 година, со цел жртвите од природни катастрофи да добијат соодветен надомест за оштетениот имотот, потсетува порталот „The Local“.
Кога одредено место е прогласено за зона на природна катастрофа, жртвите можат да бараат надомест во сите осигурителни компании.
Многу општини во Франција сè уште ги чувствуваат последиците од поплавите во јануари.
Нивоата на многу реки се сè уште високи, поради што е премногу рано да се процени штетата од поплавите.
Францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, очекува штетата од поплавите да биде помала од онаа во 2016 година, кога осигурителните компании исплатиле штета од 1,4 милијарди евра.