Rahmi Gündüz
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Во предградието Клиши во главниот град на Франција, Париз, приведено е 18-годишно лице под сомнение дека подготвува терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот "Le Parisien" објави дека со акција на единицата за борба против тероризмот, лицето за коешто било потврдено дека подготвува терористички напад во главниот град, било приведено и однесено на понатамошно испитување.
Во веста на францускиот весник беше објавено дека лицето било следено од разузнавачките служби и дека во земјата се наоѓа на листата на радикално ориентирани лица.
Во минатонеделната изјава, истакнувајќи дека опасноста од тероризмот е поголема од кога било, министерот за внатрешни работи, Бернард Казенев, соопшти дека оваа година во рамките на борбата против тероризмот се приведени над 300 лица којшто имале поврзаност со терористичката организација.
По нападите во Шарли Ебдо тероризмот се наоѓа на првото место, како најсериозен проблем во Франција. По терористичкиот напад во декември 2015 година, кога загинаа 130 лица, опасноста од тероризмот во земјата беше зголемена на највиско ниво и беше објавена вонредна состојба.
Во терористичките напади на 14 јули на националниот прзаник во францускиот град Ница загинаа 84 лица, а потоа беше убиен и еден црковен свештеник. Поради ова, беше одлучено вонредната состојба да продолжи.