Malik Hasa
01 Октомври 2016•Ажурирај: 02 Октомври 2016
ТИРАНА (АА) - Претставниците на цивилното општество, граѓани и активисти за зачувување на животната средина денеска повторно организира протест во Тирана за да се спротистават на законот за „Интегрирано управување со отпад“, јавува Anadolu Agency (AA).
Демострантите првично се собра во паркот „Риниа“, а потоа маршираа кон булевардот „Хероите на нацијата“ застанувајќи пред зградата на Советот на министрите.
Во текот на протестот активистите одржа говори спротиставувајќи се на донесувањето на законските промени за увезување на отпад на територијата на Албанија. Исто така тие од претседателот на земјата Бујар Нишани побараа да не го потпише овој закон.
Во меѓувреме, во текот на состанокот на Националото собрание на Социјалистичката партија, премиерот Еди Рама го бранеше донесувањето на законот, изјавувајќи дека овој закон е неопходен и е во согласност со тенденциите за „една чиста Албанија".
На 22 септември оваа година Собранието на Албанија, ги усвои измените на Законот за интегрирано управување со отпадот.
Според новите измени, во Република Албанија ќе се увезува само цврст неопасен отпад, како примарни и секундарни суровини, за да се задоволат потребите и побарувањата на индустријата за рециклирање во земјата. Исто така, ќе се користи за рециклирање и како замена на другите необновливи извори на суровини коишто се употребуваат во индустријата.
Во законот е одлучено цивилното општство да има право на мониторинг на одредени царински точки, со цел да може да го контролира царинењето на отпадот.
Но од друга страна, цивилното општество побара забрана на увозот на отпад, во Албанија со образложение дека оваа инцијатива не придонесува кон економијата на земјата и предизвикува загадување на животната средина и покрај механизмите за конторла на граничните премини.
Новиот закон се однесува на увоз на неопасен цврст отпад, а целта е на тој начин да се даде придонес кон индустријата за рециклирање. Целта е исто така наместо сировини да се користи отпад.
Активистите и невладините организации се спротивставуваат на новиот закон и порачуваат дека увозот на отпадот нема да оствари придонес кон овој индустриски сектор, туку напротив, ќе ја загади околината. Нагласија дека не постои листа која предвидува каков отпад може да се увезува во земјата.
По обраќањето, демонстрантите пред Владата на Албанија мирно се разидоа.