Alaattin Doğru
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Во последните два дена во Франција извршени се два исламофобични напади врз муслимани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Халал маркет-касапница отворена на крајот на ноември минатата година во регионот Лот е-Гарон во југозападниот дел на земјата беше подложен на расистички напади ноќта на 30 јануари.
Напаѓачите, кои го запалија маркетот во градот Бон-Еконтре, исцртаа два кукасти крстови на ѕидовите на објектот.
Пожарникарите кои гаснеа на пожарот информираа дека маркетот е целосно уништен, но дека нема жртви.
Обвинителството започна истрага за инцидентот во рамките на нападите врз вредностите како што се „религијата, расата и етничката припадност“.
- ТВ-програмите ги маркираат муслиманите како цел -
Во соопштението на организацијата Колективот против исламофобија во Европа, беше наведено дека постои поврзаност помеѓу подметнувањето на пожарот и телевизиската емисија „Zone Interdite“, која се фокусира на „радикалниот исламизам“ и се емитува на една француска телевизија.
Исто така се наведува дека ваквите емисии се медиумски механизми кои ги прикажуваат муслиманите како проблем и дека се поттикнати од „државната исламофобија“.
- Свинска глава и кожа се оставени пред муслиманска погребален дом -
Од друга страна, во југозападниот град Тулуза, глава и кожа на дива свиња, со отстранети внатрешни органи, беа обесени на сообраќаен знак пред продавници и муслимански погребален дом.
Џамел Секак, управителот на муслиманскиот погребален дом, на својот профил на социјалните мрежи објави дека се пожалил во полиција за ситуацијата.
Наведувајќи дека во регионот се населил пред 6 години и дека по трет пат е цел на исламофобични напади, Секак истакна дека е загрижен за своите деца и дека ситуацијата на муслиманите во Франција се влошува.
Портпаролот на Регионалниот муслимански совет Абделлатиф Мелуки, во изјавата за локалните медиуми рече дека не сакаат ширење на омраза кон муслиманите во мултикултурен град како што е Тулуза.
Мелуки рече дека иако се работи за мал број групи, таквите напади почнуваат да се зголемуваат во Франција.