Hasan Esen
01 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја посети Украина со цел да ѝ изрази поддршка на земјата на чии граници Русија позиционираше свои војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот на премиерот, Џонсон денес во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Џонсон во рамки на посетата ќе ја соопшти финансиската поддршка од 88 милиони фунти како поддршка за намалувањето на зависноста на Украина од руските енергетски извори.
„Велика Британија како пријател и демократски партнер ќе продолжи да ја штити сувереноста на Украина против оние кои сакаат да ја уништат Украина“, изјави Џонсон пред посетата.
Британскиот премиер ја повика Русија на дијалог, да направи чекори за изнаоѓање дипломатско решение и да спречи пролевање на крв.