Ahmet Gençtürk
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
БАКУ
Во падот на воениот хеликоптер на Државните гранични служби на Азербејџан животот го загубија 14 војници, од кои повеќето се офицери, а двајца војници се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државните гранични служби на Азербејџан соопштија дека несреќата се случила во подрачјето за воздушна обука Карахејбет во регионот Хизи околу 10:40 часот по локално време.
Во соопштението се наведува дека на местото на несреќата пристигнале високи функционери на Државните гранични служби и на Јавното обвинителство и дека е започната истрага за несреќата.
Властите информираа дека во несреќата загинале 1 полковник, 1 потполковник, 5 мајори, 4 капетани, 2 поручници и 1 технички вработен, а повредени се 1 потполковник и 1 капетан.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изрази сочувство до семејствата и роднините на војниците што ги загубија животите во несреќата.