Şenhan Bolelli
19 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
МАДРИД (АА) - Припадници на вооружените сили на Шпанија протестираа во главниот град Мадрид барајќи зголемување на платите, јавува Агенција Анадолија (AA).
Протестната прошетка, која започна од зградата на Парламентот, заврши пред Министерството за финансии.
Војниците кои маршираа со транспаренти „Помалку зборови повеќе акција, чесна плата“ ги повикаа сите политички партии да ги поддржат со цел зголемување на нивните плати и за издвојување средства во државниот буџет за 2021 година.
Тие изјавија дека платите на војниците се многу помали од платите на полицајците и припадниците на жандармеријата.
„Ние не сме работници кои остануваат ефтини и тивки. Покорноста, брзината, професионалноста и постојаната достапност на вооружените сили не можат да се доведат во прашање. Сакаме фер и чесна плата“, порачаа насобраните.