Ekipa
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - По повлекувањето на Пешмергите, безбедносните сили воспоставија контрола врз поголем број стратешки подрачја, при што започнаа од Киркук да се издигаат облаци од чад, јавува Anadolu Agency (AA).
Со повлекувањето од источниот дел на Киркук на Патриотската унија на Курдистан (KYB) кои се поврзани со Пешмергите, ирачката војска и силите на федералната полиција кои даваат поддршка, ги заземаа напуштените позиции и со оклопните возила воспоставија контрола на главните улици.
Федералната полиција ги симна знамињата на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак поставени во јужните делови на Киркук.
Се истакнува дека додека ирачката војска и федералната полиција навлегувале во Киркук, припадниците на Хашди Шаби останале зад фронталната линија и сѐ уште не влегле во Киркук.
Во внатрешните делови на Киркук, контролата на патиштата кои водат кон Ербил и Сулејманије во моментов се во рацете на Пешмергите. Судири настанале западно од градот, на фронтот кај Мектеб Халид, и може да се забележи како се издига чад од подрачјето.
Во градот се добива впечаток дека владее хаос, и иако е работен ден, не се работи, а училиштата се затворени.
Некои жители од градот се лути поради ненадејното повлекување на Пешмергите, додека Курдите доброволно го земаа оружјето во своите раце и застанаа на улиците. Можеше да се забележи како граѓаните ги превртуваат тенковите на Пешмергите кои се враќаат во Сулејмание.
Од друга страна, некои семејства во Киркук, поради настанатиот хаос, тргнаа на пат кон Ербил и Сулејманије.
Владее тишина во туркменските квартови во Киркук и во партиските згради. Некои Туркменци пред партиските згради и на улиците будно ја следат ситуацијата, како превентива од можен хаос.
- ПКК на улиците -
Може да се забележи како милитантите на терористичката органзиација ПКК, кои го зедоа тешкото вооружување од Пешмергите и нивните хамери, кружат низ центарот на градот. Се тврди дека припадниците на ПКК кои заземаа некои улици од кои се повлекоа Пешмергите, го насочуваат курдското население кое доброволно зема оружје во своите раце.
- Стратешките точки во центарот на градот во рацете на владата -
Ирачката војска и силите на федералната полиција во раните утрински часови, напредувајќи од исток, воспоставија контрола врз аеродромот во Киркук, воената база К1, нафтеното поле Баба Ѓурѓур, нафтената компанија Северен Киркук, и базата на 70. бригада на Патриотската унија на Курдистан (KYB).