Fatma Esma Arslan
16 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
ДАКАР (АА) - Воената хунта што ја собори Владата во Гвинеја на 5 септември, се сретна со претставници на странски дипломатски мисии и невладини организации, како дел од напорите за формирање преодна влада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, полковникот Мамади Думбуја, водач на Националниот комитет за собир и развој (CNRD), се сретна со шефови на невладини организации во зградата на Парламентот.
Потоа Думбуја одржа разговори со претставници на странски мисии зад затворени врати, разменувајќи идеи во контекст на процесот на транзиција.
Разговорите ќе продолжат до 17 септември.
Думбуја, водачот на военото преземање, го обвини Конде дека ја персонализира политиката и дека не прави доволно за да создаде економски и социјален напредок за населението.
Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) минатата недела се состана со хунтата за ситуацијата во Гвинеја.
Како и Африканската Унија, ЕКОВАС го осуди преземањето на војската и ја суспендира земјата од Блокот.
Конде беше соборен и притворен на 5 септември од војници предводени од Думбуја, кои ветија „мирна“ транзиција и формирање влада на национално единство.