Ahmet Emin Dönmez
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Обединетите нации (ОН) ќе обезбедат 15 милиони долари помош за борба против епидемијата на ебола, што повторно се појави во Гвинеја и Демократската Република Конго, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на ОН за итна помош, Марк Лоукок, на својот профил на Твитер објави дека ОН издвоиле фонд од 15 милиони долари за борба против еболата во Гвинеја и Демократската Република Конго.
Лоукок изјави дека помошта ќе биде искористена во согласност со информациите што ќе ги добијат од терен.
Светската здравствена организација (СЗО) на 18 ноември 2020 година прогласи крај на 11-от бран на епидемијата на ебола во Демократската Република Конго, меѓутоа епидемијата на 7 февруари повторно се појави во источниот дел на земјата.
Епидемијата на ебола, што во Гвинеја по 2016 година за прв пат се појави на 14 февруари, однесе четири животи.
Болеста предизвика глобален бунт во 2014 година, кога во западна Африка започна епидемијата која усмрти повеќе од 11.300 лица и заразувајќи, според проценките, 28.600 лица во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.
Еболата е откриена пред 40 години, позната е како вирус на хеморагиска грозница, се шири со директен контакт на телесни течности - крв, плунка, пот, солзи, слуз, мајчино млеко и урина на заразени лица.
Вирусот предизвикува проблеми со згрутчувањето што доведува до внатрешно крвавење, воспаление и оштетувањето на ткивото. Исто така се шири со допир на предмети што се контаминирани со телесни течности.
Иако повеќе од 300.000 луѓе ја примија вакцината, здравствените експерти рекоа дека безбедносните и социјални предизвици ја отежнуваат борбата против болеста.