Emre Gürkan Abay
26 Декември 2024•Ажурирај: 27 Декември 2024
МОСКВА (АА) - Во Русија е прогласена вонредна состојба поради истекување нафта од два танкери оштетени за време на невремето, што предизвика загадување во некои градови на брегот на Црното Море, известува Анадолу.
Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека продолжува борбата против загадувањето на животната средина на брегот на Црното Море.
Се нагласува дека е прогласена вонредна состојба за поефикасно да продолжи борбата и дека за регионот ќе бидат доделени повеќе тимови и финaнсиски средства.
Според информациите што ги доби дописникот на Анадолу од надлежните лица, интензивна поддршка во работата во регионот даваат и некои турски компании.
Руските танкери „Волгонефт-212“ и „Волгонефт-239“ беа оштетени на 15 декември поради невреме во теснецот Керч во Црното Море, по што е откриено дека од двата танкери истекува нафта.
Се проценува дека од танкерите истекле околу 4.000 тони нафта, а бројни службеници и волонтери работат на чистењето.
Во објавите на социјалните мрежи може да се забележи дека морските површини и плажите во градовите во крајбрежните региони се покриени со нафта, а се гледаат и напорите на спасувачките тимови да ја заштитат околината.