Vesna Besiç
04 јануари 2016•Ажурирај: 05 јануари 2016
МОСКВА (АА) - Реката Москва во московската и смоленската област во Русија, која минува низ главниот град на Русија, е вистинска атракција во текот на зимскиот период.
Тече во должина од 503 километри, се замрзнува во ноември и останува под мраз сè до март или април. Температурата во дел од реката Москва, на оддалеченост од 140 километри од руската престолнина, изнесува минус 20 степени Целзиусови, а репортерот на Anadolu Agency (AA) забележа прекрасен пејзаж на замрзнатата река која од 1937 година е поврзана со пловниот канал Волга, кој овозможува речна врска на Москва со приморските пристаништа.