Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Tüfekçi
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
КАИРО (АА) - Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, ја продолжи вонредната состојба во оваа земја за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е четврти пат да се продолжува вонредната состојба во оваа земја.
„Земајќи ја предвид безбедносната ситуација во земјата, вонредната состојба е продолжена за уште три месеци и стапува на сила во еден часот по полноќ“, се наведува во претседателската одлука.
Вонредната состојба во земјата трае девет месеци. Таа беше прогласена по бомбашките напади извршени во април во Александрија и Танта, каде што 45 лица беа убиени, а 125 повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Одлуката е изгласана од Парламентот на Египет.