Adam Abu-bashal
15 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
АБУЏА
22 лица загинаа, а 14 се ранети во вооружен напад врз патнички автобус во нигериската сојузна држава Плато, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, автобусот што превезувал луѓе кои се враќале од државата Баучи, каде што биле на новогодишната богослужба според календарот Хиџри (календар на муслиманите), бил нападнат со пиштоли на автопатот Џос - Зарија во државата Плато.
Во нападот загинаа 22 лица, а 14 беа повредени.
Од друга страна, Симон Убах Огаба, портпаролот на државната полиција на Плато, сѐ уште не се обрати со изјава во врска со нападот.
- Забрането е користење мотоцикли
Во последно време во некои нигериски држави е забранета употребата на мотоцикли, бидејќи вооружени напаѓачи спроведуваа напади со мотоцикли.
Регионот е сцена на насилни конфликти помеѓу сточарското племе Фулани и некои племиња кои се занимаваат со земјоделство.
Племето Фулани, кое мигрира кон југот на земјата за да ги пасе своите животни, тврди дека се цел на напади од страна на земјоделците, кои се обидуваат да им ги украдат животните.