Dilara Hamit
16 Април 2023•Ажурирај: 20 Април 2023
БОГОТА (АА) - Вооружени напаѓачи денес упаднаа во ресорт во Централно Мексико и отворија оган, убивајќи шест возрасни лица и едно 7-годишно дете, објавија официјални лица, пренесува Анадолу.
Десетици посетители биле присутни на местото на вооружениот напад во одморалиштето „Ла Палма“, при што осуммина се тешко повредени, соопштија официјални претставници на градот Кортазар во државата Гуанахуато.
Според властите, нападот го извршила група од 20 вооружени лица, а конкретна цел била една група.
По нападот, регионалните власти започнаа голема операција.