Şerife Çetin
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
АНКАРА (АА) - Тензиите во односите меѓу Русија и Западот на економско и на политичко поле, кои настанаа по кризата во Украина во 2014 година, се одразија врз вооружувањето и зголемувањето на трошоците за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако Русија во 2014 година изврши анексија на Крим, западните земји упатија повик за преземање мерки против евентуалната безбедносна закана од Русија. Кризата во Украина предизвика особена загриженот на Западот, поради воените капацитети на оваа земја, географски блиска на Русија.
Податоците на канцеларијата за статистика на ЕУ (ЕУРОСТАТ) покажуваат дека е забележан пад на трошоците за одбрана на НАТО во периодот 2002 – 2015, а забележан е пораст минатата година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберт претходно изјави дека минатата година е забележан раст на трошоците за одбрана, по повеќегодишна пауза. Тогаш рече дека Канада и дел од европските земји, членки на НАТО, ги зголемиле трошоците за одбрана за 3,8 отсто.
Однесувањето на Русија кон кризата во Украина, анексијата на Крим и нарушувањето на воздушниот, копнениот и на поморскиот простор на балтичките земји предизвика тензии во НАТО и во западните земји.
Кај балтичките земји, Западот и НАТО, напнатост создава и руското складирање на воена опрема во Калининград, во близина на Полска, Белорусија и Литванија, којашто би можела да биде искористена за нуклеарни ракети.
Покрај тоа, Русија е една од петте сили што во 90-тите години на минатиот век најмногу потрошија за одбрана, а податоците на британската истражувачка компанија „Џејнс дифенс буџет“ покажуваат дека Русија во 2016 година била шеста светска сила според инвестициите во одбраната.
Руските официјални лица претходно соопштија дека и покрај економските тешкотии со кои се соочува земјата, нема да бидат намалени трошоците за модернизација на руската армија.
Трошоците за одбрана на Русија во 2016 година се зголемени за 14 отсто во однос на претходната година.
Покрај тоа, НАТО продолжи да ги повикува нејзините земји-членки да ги зголемат трошоците за одбрана поради постоечката закана од Русија.
Податоците на „Џејнс дифенс буџет“ покажуваат дека НАТО од 2010 година, лани, за првпат досега ги зголемил трошоците за одбрана. Најважни причини за зголемувањето на трошоците се напаѓачките ставови на Русија, и заканата што ја претставува терористичката организација ДЕАШ.
По руската анексија на Крим, НАТО започна да укажува на важноста на тоа да се стават под заштита балтичките и одделни скандинавски земји, познати и како „источно крило“.
Во јануари и февруари, американските единици и единиците на НАТО започнаа да пристигнуваат во Полска, Литванија, Летонија и во Естонија. Во план е да се засилат единиците во наредниот период.
Американскиот систем за ракетна одбрана, поставен во Романија, и инсталирањето на сличен систем во Полска предизвика реакции кај Русија.
На состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој се одржа во Брисел минатиот месец, одлучено е алијансата да го зголеми своето присуство во Црното Море.
САД за одбрана троши 523,9 милијарди долари, што е најмногу на светот. Американскиот претседател Доналд Трамп планира да издвои дополнителни средства. Трамп укажа на фактот дека издвоените трошоци за одбрана во првиот нацрт-буџет се недоволни и побара тие да се зголемат за 54 милијарди долари.
Покрај САД, меѓу земјите што минатата година имаа најголеми трошоци во одбраната се Кина, Велика Британија, Индија, Саудиска Арабија, Русија, Франција, Јапонија, Германија и Јужна Кореја. Во топ 10 земји се наоѓаат 4 членки на НАТО.