Emre Aytekin
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Според новата листа објавена во списанието „Форбс“, основачот и поранешен ЦЕО на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, повторно се најде на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Познатото американско деловно списание „Форбс“ ја објави својата редовна листа на најбогати луѓе на светот.
Бил Гејтс повторно се најде на врвот на оваа листа на најбогати луѓе во светот, со тоа што својата сопственост ја зголеми за 11 милијарди долари. Се проценува дека Бил Гејтс поседува богатство од 85 милијарди долари.

Гејтс не ја напушти лидерската позиција во последните 4 години, а од 1994 година досега, дури 18 пати беше прогласуван за најбогат човек на планетата.
На второ место се наоѓа американскиот инвеститор Ворен Буфет, а третата позиција му припадна на основачот на „Амазон“.
Основачот на популарна социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг се наоѓа на петтата позиција на листата, со 56 милијарди долари. Седмопласиран е сопственикот на коопрорацијата „Оракл“, Лери Елисон, со богатсво од 52,2 милијарди долари.
Сопственикот на шпанскиот синџир за модна трговија „Зара“, Амансио Ортега е воедно и единствениот претставник од Европа на оваа листа. Тој се наоѓа на четвртото место, со богатство од 71,3 милијарди долари. Мексиканскиот тајкун Карло Слим се наоѓа на шестата позиција, со богатство од 50 милијарди долари. Тоа се единствените на топ-10 листата на најбогати луѓе во светот кои не потекнуваат од САД.
Најголемиот партнер на американската козметичка компанија „Лореал“, Лилиен Батенкорт се наоѓа на 14. Место, со богатство од 39,5 милијарди долари, со што ѝ припадна титулата на најбогата жена на светот.
Интересен е податокот дека претседателот на САД, Доналд Трамп, кој за една година загуби милијарда долари, моментално со своето богатсво проценето на 3,5 милијарди долари падна за 220 места, и се наоѓа на 544 место.
Форбс наведува дека во однос на минатата година, зголемен е бројот на милијардери во светот, а податоците покажуваат дека оваа година се забележани 2.043, во однос на минатогодишните 1.810 милијардери.