Umur Koçak Semiz
29 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
ЕНКОРИЏ (AA) - Еруптира вулканот Богослоф во јужнозападниот дел на сојузната американска држава Алјаска, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните од опсерваторијата за следење на вулканите на Алјаска јавија дека вулканот, кој се наоѓа на островот Богослоф, почнал да исфрла пепел и гас во висина од 10 километри.
Еруптирањето на вулканот којшто е активен околу шест месеци, траела 55 минути.
Откако одекнала експлозијата, прогласено е највисоко ниво, односно црвено ниво на воздухопловниот предупредувачки сигнал (Aviation Alert Code).
Исфрлениот пепел од вулканот нанесува голема штета на моторите од авионите што летаат на дестинацијата Северна Америка ‒ Азија.