Şenhan Bolelli
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
МАДРИД (АА) - Вулканот Етна, на италијанскиот остров Сицилија, повторно е активен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Етна е највисок активен вулкан на европскиот континент, а започна со исфрлање лава и пепел од кратерот на деловите на југоисток и североисток.
Директорот на Институтот за географски и вулкански истражувања, Еугенио Привитера, рече дека станува збор за нова фаза експлозии во вулканот.
„Ова набргу би можело да заврши, но може да потрае и неколку месеци. Моментално нема опасности за луѓето кои живеат на ова подрачје, но од безбедносни причини, неопходно е да се контролира приливот на туристи“, смета Привитера.
Моментално состојбата на вулканот не ги отежнува летовите кон аеродромот во Катанија.