Hacer Başer
16 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ГАЗА
Палестинецот од Газа, Сами Сакулах, со видеопорака на социјалните мрежи побара помош откако со сопругата и четирите деца останаа заробени во зграда што ја бомбардираа израелските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сакулах во видеопораката рече дека во израелскиот напад се девастирани скалите и дека неговото семејство не може да излезе од објектот.
„Како што гледате, заглавени сме тука, и жената и децата. Sидовите се напукнати“, рече Сакулах.
Видеопораката ја виде Цивилната заштита, која испрати спасувачки тим кој монтираше скали и преку балкон го евакуираше семејството од станот.
Сакулах за локалните медиуми рече дека за време на нападите слушнал силна експлозија и дека сега стравува за соседите од пониските катови кои и понатаму се водат како исчезнати. Додаде дека израелските сили не дале никакво предупредување пред нападите.