Adam Abu-bashal
03 Мај 2021•Ажурирај: 05 Мај 2021
АБУЏА
Властите на Гана соопштија дека од Русија купиле уште 1,3 милиони дози на вакцината против коронавирусот „Спутник ве“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Ада, изјави дека руските вакцини против коронавирусот во таа африканска земји би требалo да бидат испорачани на 15 мај.
„На тој начин ќе овозможиме масовна имунизација на популацијата и ќе можеме да се надеваме на саканата нормализација на животот и економијата во нашата земја“, порача Акуфо-Адо.
Истакнувајќи дека носењето на заштитните маски е најефективна превентивна епидемиолошка мерка, претседателот на Гана упати апел луѓето да не се заморуваат со таа практика, туку да се навикнат на неа.
Властите на Гана досега примија 4.222.000 дози на вакцините против коронавирусот испорачани од Русија, Индија, ОАЕ, јужноафриканската компанија МТН и програмата КОВАКС.
Вакцинацијата против коронавирусот во Гана започна на 1 март и досега се вакцинирани речиси милиони луѓе.
Гана е земја со околу 31 милион жители. Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Гана со коронавирусот се заразени 92.600 луѓе, а од последиците на вирусот починаа 779 лица.