Ekipa
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Хемиската компанија „БАСФ“ наведува дека две лица сè уште се водат за исчезнати по експлозијата во фабриката во југозападниот германски град Лудвигсхафен, во кој загинаа најмалку две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од „БАСФ“ во вторникот соопштија дека пожарот во објектот во речното пристаниште е изгаснат синоќа, околу десет часа по експлозијата. Двајца работници загинаа, а шестмина беа тешко повредени.
Експлозијата се случи откако избувна пожар во цевководот меѓу областа во која се истоваруваат течностите од бродовите на реката Рајна и складишните резервоари. „БАСФ“ додаде дека супстанциите што се запалиле, а подоцна предизвикале експлозија, содржеле етилен, кој се користи во производството на материјали за изолација, раствори, и пропилен, кој пак се користи во производството на бои за автомобили и лепила.
Сè уште не е познато што ја предизвикало експлозијата.