Ekipa
11 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
БЕРЛИН (АА) - Полицијата во германскиот град Есен затвори трговски центар поради дојава за напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Трговскиот центар и ближното паркиралиште останаа затворени утрово со цел пребарување на подрачјето од страна на над стотина полицајци.
Германската новинска агенција ДПА наведе дека трговскиот центар, еден од најголемите во регионот, ќе биде затворен цел ден. Полицијата на Есен не можеше да даде повеќе детали во врска со овој случај.