Cüneyt Karadağ
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
БЕРЛИН (АА) - Во близина на градот Ерцхаузен, во германската покраина Хесен, се урна мал авион. Во оваа авионска несреќа животот го загубија 3 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Јужен Хесен осоопшти дека авионот се урнал на поле во близина на аеродромот „Егелсбах“ и изгорел во потполност, но не даде информации за причините поради кои се урнал авионот.
Во соопштението се наведува дека според првичната проценка, во авионот покрај пилотот се пронајдени уште 2 тела, додавајќи дека во авионот се наоѓале две лица руски државјани, но за да се изврши идентификацијата на телата ќе бидат потребни неколку дена.
Германската новинска агенција ДПА (DPA) објави дека авионот од типот „Epic E 100“ полетал од Франција.
Веста на новинската агенција ДПА се потпира на информациите на авиокомпанијата „S7“, според кои меѓу загинатите се наоѓа и 55-годишната руска бизнисменка Наталија Филева, една од сопственичките на авиокомпанијата. Според листата на „Форбс“ („Forbes“) на најбогатите жени на Русија за 2018 година, Филева била 4-тата најбогата жена во Русија со проценето богатство од околу 600 милиони долари.