?????
04 јануари 2016•Ажурирај: 05 јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Утринава во домот за лица кои бараат азил во западна Германија испукани се неколку куршуми од кои еден азилант е полесно повреден, јавува Anadolu Agency (АА).
Полицијата во Офенбах, 10 километри од Франкфурт, рече дека не е познато кој е одговорен за гореспоменатиот инцидент или кој бил мотивот.
Како што изјави полицијата, неколку истрели биле испукани кон зградата околу 02:30 часот, а еден од куршумите го погодил 23-годишниот азилант кој во тој момент спиел. Повредениот бил пренесен во блиската болница.
Германија во текот на последната година прифати околу еден милион бегалци и мигранти. Иако голем број Германци на бегалците има посакаа добредојде, минатата година беа нападнати бегалските домови, бегалците беа навредувани, а беа направени и други кривични дела.