Cüneyt Karadağ
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
БЕРЛИН
Германија привремено ја прекина депортацијата на Авганистанците во нивната земја од безбедносни причини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Стив Алтер, на својот профил на Твитер напиша: „Министерството за внатрешни работи засега ја прекина депортацијата поради актуелните случувања во однос на безбедносната ситуација во Авганистан.“
Германија извесно време ги депортира авганистанските бегалци, чии барања за азил се одбиени.