Riyaz Khaliq Khaliq
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Кина повика на истрага на американските и австралиските сили за нивните „злосторнички активности“ во Авганистан, откако странските сили синоќа целосно ја напуштија земјата зафатена од војна, јавуав Агенција Анадолија (АА).
Пекинг исто така ги повика „релевантните земји“ да извлечат поука од „лекциите, навистина да го почитуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Авганистан“.
„Се надеваме дека релевантните земји ефикасно ќе ја сменат погрешната практика на наметнување на сопствените модели врз другите и ќе ја сменат хегемонската практика на воведување санкции или дури и употреба на сила на секој чекор“, рече амбасадорот Генг Шуанг, заменик постојан претставник на Кина во мисијата на ОН, соопшти вчера Советот за безбедност на ОН.
Пекинг беше воздржан за резолуцијата на СБОН, донесена за Авганистан.
„Кина има огромни сомнежи во однос на неопходноста и итноста од усвојувањето на оваа резолуција и балансот на нејзината содржина. И покрај ова, Кина сè уште учествуваше конструктивно во консултациите и изнесе важни и разумни амандмани заедно со Русија“, рече Генг.
„За жал, нашите амандмани не се целосно усвоени. Кина отсекогаш се противела на силното притискање за решавање од страна на сите спонзори. Врз основа на горенаведените размислувања, Кина се воздржа од оваа нацрт-резолуција.“
Советот за безбедност на ОН вчера изгласа да побара „брзо и сигурно“ повторно отворање на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул, откако американските сили ќе го завршат повлекувањето од земјата зафатена од војна.
Без да именува никого, кинескиот амбасадор ги повика САД и нивните сојузници дека треба да бидат „одговорни за она што го направиле во изминатите 20 години и да ги исполнат своите обврски кон мирно обновување на Авганистан“.
„Тие не можат да тврдат дека се грижат за благосостојбата на авганистанскиот народ додека воведуваат еднострани санкции, или да тврдат дека го поддржуваат забрзувањето на економскиот и социјалниот развој на Авганистан додека ги запленуваат и замрзнуваат прекуокеанските средства на Авганистан“, нагласи тој.
Тој рече дека меѓународната коалиција што го нападна Авганистан во 2001 година „остави во земјата огромна катастрофа што ја создадоа, но ја префрли одговорноста на соседните авганистански земји и Советот за безбедност“.
„Акциите на странските војници во Авганистан во изминатите 20 години, вклучително и криминалните активности извршени од САД и австралиските сили за неселективно убивање цивили, не смеат да бидат избришани и мора да продолжат да се истражуваат.“
Кинескиот амбасадор рече дека имајќи ја предвид „кревката и чувствителна ситуација“ во Авганистан, „какви било дејствија преземени од Советот за безбедност треба да помогнат во ублажување, а не во интензивирање на тензиите и конфликтите, така што ќе овозможи непречена транзиција на Авганистан, а не да се втурне повторно во немири“.
Генг го обвини „брзото и неуредно“ повлекување на странските војници за неодамнешниот хаос во Авганистан.
„Се надеваме дека релевантните земји ќе го сфатат фактот дека повлекувањето не е крај на одговорноста, туку почеток на размислување и корекција“, додаде тој.