Mohammad Sıo
15 Јануари 2024•Ажурирај: 15 Јануари 2024
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Групи поддржани од Иран извршија ракетен напад врз американската база Конико во провинцијата Деир ез-Зор, Источна Сирија, соопштија локални извори, јавува Анадолу.
Американските сили за противвоздушна одбрана пресретнале два од проектилите пред да ја погодат базата, а еден проектил паднал во близина.
Како одговор, американските сили стационирани во оваа база гранатираа локации на групите поддржани од Иран во регионот Хишам, западно од Еуфрат.
Засега нема соопштение од САД за нападите.
Нема информации за материјална штета или евентуални жртви.
Територијата на Деир ез-Зор, источно од Еуфрат, е под контрола на терористичката организација ПКК/ЈПГ, поддржана од САД.
Во меѓувреме, централниот дел на градот и другите рурални области се под контрола на сирискиот режим и групите поддржани од Иран.